
Сладок пат до јасни спомени
Во светот на слатките, темното чоколадо ја држи здравата страна на храната.
Откриено е дека моќните соединенија скриени во чоколадото – особено темната сорта, таканаречените флаваноли – ја јакнат меморијата.
Истражувачите од универзитетите Харвард и Колумбија откриле дека придобивките за меморијата доаѓаат од консумирање 500 милиграми флаваноли секој ден, во форма на суплементи. Сепак, независните експерти за исхрана и превентивна медицина тврдат дека оваа количина е „лесно достижна“ преку исхраната.
Флаваноли има во темното чоколадо, но и во јаболката, бобинките и зелениот чај.
– Ова е навистина важна студија која покажува дека дозата на флавоноиди наречени флаваноли е клучна за подобрување на меморијата во мозокот што старее – рече професорот Ајдин Касиди од Универзитетот Квин во Белфаст и додаде:
– Дозите потребни за овие подобрувања на здравјето на мозокот се лесно достижни. На пример, една шолја чај, шест коцки темно чоколадо, неколку порции бобинки и едно јаболко заедно би дале околу 500 милифрами.
Во студијата објавена во списанието „The Proceedings of the National Academy of Sciences“ учествувале повеќе од 3.500 возрасни лица, во просек околу 70-тина години. Повеќето веќе јадат здрава исхрана богата со флаваноли. На учесниците им бил дадван или дневен додаток на флаванол од 500 милиграми или лажна пилула во тек од три години.
Во текот на студијата, волонтерите направиле неколку тестови за меморија и пополниле анкети за нивната исхрана.
Резултатите се подобриле само малку за групата која земала апчиња флаванол.
Но, поголеми придобивки биле забележани кај подгрупата на луѓе кои имале лоша исхрана и ниска потрошувачка на флаванол на почетокот на студијата. Нивните резултати се подобриле за околу 10 отсто повеќе од нивните врсници кои земале плацебо, покажале резултатите.
Истражувачите, сепак, нагласија дека земањето флаваноли „нема ефект врз луѓето кои немаат недостаток на ова соединение“.
Професорот Адам Брикман, невропсихолог од Универзитетот Колумбија, тврди дека наодите „ја зголемуваат можноста за користење диети или додатоци богати со флаваноли за подобрување на когнитивната функција кај постарите лица“.
Професорот Гунтер Кунле, експерт за исхрана и наука за храна на Универзитетот во Ридинг и ко-истражувач на студијата, вели дека резултатите „сугерираат дека постои оптимална количина на флаваноли во исхраната“, што е околу 500 милиграми дневен внес.