Моменталниот рекорд е 40 секунди
Џерџели Дудаш, кој го носи уметничкото име Дудолф, е познат низ целиот свет. Поточно познати се неговите криптични илустрации и криенки кои на многумина им задаваат главоболка.
Дудолф сака да ги „мачи“ корисниците на Интернет и неговите следбеници на социјалните мрежи, па често им поставува различни предизвици – понекогаш треба да пронајдете скриен предмет или животно, а сега треба да ги пронајдете разликите помеѓу две илустрации.
Тој нацртал две навидум идентични илустрации, но ако погледнете малку подобро ќе видите дека има осум разлики.
Ваша задача е да ги најдете за помалку од 40 секунди.
Дали успеавте да ги забележите сите осум разлики?
Ако вашиот одговор е „не“, погледнете го решението подолу.