Тест на потсвеста: Она што прво го гледате на илустрацијата открива по што најмногу копнеете

popara16 јуни, 20231min00
test-podsvesti-zelje-830x0

Бидете искрени со себе

Тестовите на потсвеста служат за да се забавуваме, но и да откриеме нешто ново за себе.

На илустрацијата пред вас има неколку симболи, а оној што прво ќе ви го привлече вниманието може да ви открие по што најмногу копнеете во реалноста.

За да го добиете одговорот, само „ѕирнете“ ја илустрацијата и запомнете што прво забележавте – јаболкото, прозорците, вратата, синото небо или песочните дини во пустината. Најдете ги одговорите подолу.

Ако прво го видовте јаболкото…

Сте се ставиле себе во втор план или ви се случило нешто што многу ви ја разнишало самодовербата, па сте се повлекле во себе.

Копнеете да се вратите на добро познатите стази и луѓето да ја сфатат вашата вредност. Тоа може да бидат колеги или претпоставени, сакана личност, членови на семејството или пријатели.

Ако прво ги видовте прозорците…

Сè почесто чувствувате потреба луѓето да ве остават на мира и да ви овозможат да се повлечете во сопствениот свет, барем на кратко.

Уморни сте од луѓето, нивните приказни, идеи, барања и проблеми, а од друга страна сте научиле да бидете „рамо за плачење“ на луѓето со кои сте опкружени. Сега сте желни за самотија, за да ги „наполните батериите“ и да ги преиспитате своите ставови и верувања.

Ако прво ја видовте вратата…

Во последно време се чини дека го губите трпението. Сакате се, и тоа сега, и животот ве става на тест, тестирајќи колку долго можете да издржите.

Обидете се да не реагирате експлозивно ако работите не се случат онака како што очекувате или брзо како што сте се надевале.

Ако прво сте ја здогледале пустината…

Фантазирате за „големо спремање на животот“, но не можете да соберете доволно храброст за тоа. Се прашувате дали треба да направите големи резови „преку ноќ“ или, сепак, попаметно е во овој момент да „кренете рачна“ и повторно да размислите за се.

Од една страна ве притиска неправдата и лошиот однос на некои блиски луѓе кон вас, а од друга се плашите дека утре ќе зажалите доколку ги исклучите од вашиот живот без да им дадете шанса да се подобрат. Копнеете за рамнотежа и хармонија што не можете да ги постигнете.

Ако прво сте го виделе небесното синило…

Вашата главна преокупација по која копнеете во овој период е љубовта. Сонувате за емотивна врска која ќе ви помогне да ја видите светлата страна на животот, а проблемите ги гледате од „безбедна дистанца“ за да можете подобро да ги видите и што полесно да ги решите.

Во овие соништа често се присетувате на луѓе од минатото со кои не сте имале љубовна приказна, но ви се допаѓале. Можеби не е лошо време за обновување на контактот, особено ако вашата интуиција ви кажува дека треба.