Велигден е се поблиску, а доколку сакате да бидете оригинални за празникот, можете да пробате нова техника на бојадисување јајца со помош на куркума и хибискус и ќе имате прекрасни дезени.
Состојки:
јајца
1,5 супена лажица суви цветови од хибискус
1 лажичка куркума
памучна вата
проѕирна фолија
масло
шприц
Подготовка:
Сварете ги јајцата, ставете ги цветовите од хибискус во чаша и прелијте ги со топла вода. Истурете ја куркумата во друга чаша и исто така прелијте ја со топла вода, но тука користете помалку вода.
Раширете ја проѕирната фолија, а одвојте ги туферите, така што од еден туфер ќе добиете две половини. Во средината на проѕирната фолија наредете четири памукчиња да стојат еден под друг и малку да се преклопат. Со шприц ставете малку куркума на туферот, а потоа малку чај од хибискус.
Дезенот направете го како што сакате, но внимавајте сите туфери да бидат обоени. Ставете го јајцето и сето тоа завиткајте го во проѕирната фолија.
Повторно развлечете ја проѕирната фолија и сега директно врз неа истурете ги чајот и куркумата, па замотајте го јајцето. Правете го ова додека не потрошите сè. Оставете да отстои 7 часа, а потоа извадете ја фолијата и туферите и премачкајте со масло.