Пејачката Тејлор Свифт го сопре концертот во Филаделфија во саботата вечерта по „конфронтација“ со обезбедувањето.
Имено, таа неколку пати гестикулираше во обид да ја смири ситуацијата.
„Добра е“, рече на крајот додека ја пееше својата песна „Bad Blood“.
Во видеото кое со неверојатна брзина се шири на социјалната мрежа TikTok, но и на Твитер, корисникот и се заблагодарува на пејачката што како и многу други ја спасила од чуварот на кого и самите постојано му викале.
Сепак, не беше јасно што точно правело обезбедувањето за да ја натера Свифт да одговори.
📹 | Front row video of Taylor Swift defending a fan tonight against a security guard #PhillyTSTheErasTour pic.twitter.com/80TOhZXohC
— Taylor Swift News (@TSwiftNZ) May 14, 2023
Еден фан се огласи на Твитер дека биле „агресивни“, велејќи:
– Целосно не држеа за физички да не истуркаат од барикадата наместо само да ни кажат да се помрднеме – стои во коментарот.
Неколку луѓе сугерираа дека тоа сигурно било „сериозен“ инцидент, бидејќи Тејлор ретко ги прекинува нејзините концерти.