
Пејачката и музичарка Тејлор Свифт, по раскинувањето на шестгодишната врска со Британецот Џо Алвин, љубовта ја најде во Мети Хили, фронтменот на бендот The 1975, кој исто така е Британец. Се зборува дека пејачката е лудо вљубена во музичарот со кој пред врската биле многу добри пријатели.
Веста за новата љубов доаѓа само неколку недели откако беше откриено дека таа раскинала со Алвин, иако извори подоцна потврдија дека парот се разделил уште во февруари оваа година. Во меѓувреме, Тејлор беше поврзуван со Формула 1 возачот Фернандо Алонсо, но тие гласини се покажаа како лажни.

Инаку, Тејлор и Мети веќе имаат историја зад себе – се забавуваа пред десет години, но врската тогаш не траеше. Тогаш објаснија: „Не беше вистинското време за нас“. Извор близок до пејачката потврди дека музичарката веќе раскинала со нејзиното претходно момче во времето кога се забавувала со Британецот. Таа моментално е зафатена со масовната турнеја „The Eras“, додека бендот на Мети, The 1975, исто така е на турнејата „At Their Very Best”. И покрај нивните полни распореди и зафатени животи, и двајцата се свесни за лошите страни на нивните работни места и остануваат во постојан контакт преку текст и FaceTime.

„И двајцата се многу горди и возбудени поради оваа врска, а за разлика од нејзината последна, која беше подалеку од очите на јавноста, сега таа сака да ужива во врската и да не ја крие од никого. Тејлор само сака да го живее својот живот слободно и да биде среќна“, рекол изворот за врската на новиот пар.