Лорен Хендерсон, Тиктокер со над 17 илјади следбеници, сподели видео што им се допадна на многу дами. Имено, таа објасни дека класичниот начин на бричење на нозете е погрешен. Таа смета дека е клучно да не се одвојува бричот од кожата, односно да се влече горе-долу фиксиран.
– Ова го видов на видео и засекогаш ми ја промени рутината на бричење на нозете – воодушевено рече таа во видеото, а потоа додаде:
– Утрово ми требаа буквално пет секунди да ги избричам нозете. Тоа е најбрзото што сум завршила во животот.
@lalalalauren00 Who freaking knew? Cause I didn’t🤯 thank you girl on tiktok—I am forever changed! #fy #fyp #foryou #shavingtips #shavinghack
Видеото собра над 70 илјади лајкови, а некои жени тврдеа дека овој метод им е многу поефикасен.
– Го пробав од љубопитност и навистина функционира. Без исеченици, само мазни нозе – прочитајте еден од коментарите.