Тинејџерска забава на 51 година: Славната глумица танцуваше на премиерата на новиот филм

popara30 ноември, 20231min00
o_31400917_1280

Актерката Џенифер Гарнер во април го прослави својот 51 роденден, а на премиерата на нејзиниот нов филм, семејната божиќна комедија „Family Switch“ во продукција на Нетфликс, блесна во црвен мини фустан без ракави и танцуваше со својот колега Ед Хелмс.

image

„Никогаш не изгледала подобро“, „Таа навистина знае да се забавува“, „Џенифер е закон“, беа воодушевените коментари на нејзините обожаватели, а Гарнер имаше многу добра причина за нејзиното тинејџерско однесување на црвениот тепих. Во филмот „Family Switch“ познатата актерка глуми тинејџерка, заробена во телото на нејзината мајка, а истата несреќа ги погодува и сите останати членови од нејзиното семејство. Актерската екипа е предводена од Џенифер Гарнер и Ед Хелмс – во улогите на родители, и Ема Мајерс и Брејди Ноун, нивните тинејџерски деца.

image

Урнебесната комедија може да ги заинтригира и децата на Џенифер, тинејџерите Семјуел, Серафина и Вајолет Афлек, кои, како што изјавила, повеќе сакаат да ги гледаат филмовите на нивниот татко Бен Афлек отколку нејзините. „Сигурна сум дека се срамат да видат како нивната мајка бакнува некого или плаче“, изјави актерката која по разводот со Бен Афлек среќата ја најде во љубовта со американскиот бизнисмен Џон Милер, извршен директор на CaliBurger.

image

Актерката често привлекува внимание со својот изглед, а еднаш призна дека била на диета само еднаш во животот. Покрај урамнотежена, здрава исхрана, таа ја одржува фигурата и со редовно вежбање. Годинава во своето секојдневие вклучи и тренинзи за бокс под водство на приватен тренер, бидејќи мораше да се подготви за снимањето на третиот дел од акциониот спектакл „Deadpool“ во кој ја игра заводливата богата наследничка и платеничка Електра Начиос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag