Типични причини поради кои паровите се разведуваат: Внимавајте на овие знаци на однесување

popara3 ноември, 20231min00
Screenshot_9

Распаѓањето на бракот не се случува преку ноќ. Главно станува збор за бавно акумулирање на незадоволство. Но, донесувањето на одлука за развод никогаш не е лесно, објави американското списание „Хафингтон пост“.

 

 

 

Истражувањето на адвокатската канцеларија „Слатер и Гордон“, при што биле набљудувани илјада разводи, покажува дека просечно лице 24 месеци и 12 денови размислува за разводот пред да се одлучи, а 18 месеци се обидува да го поправи својот брак. Речиси 36 отсто од лицата разводот го доживуваат како личен неуспех, додека 53 отсто разговарале за разводот со трети лица, пред сè, барале совети од пријатели, мајка, адвокати или сестри. Приближно 36 отсто за разводот разговарале со адвокат, а 77 отсто изјавиле дека разводот влијаел на нивните деца.

 

Околу 28 отсто од мајките истакнале дека децата не се доволно блиски со татковците по разводот, иако 47 отсто од двојките се обиделе да ги решат проблемите и да останат во брак поради децата. Резултатите од истражувањето покажуваат и дека речиси 76 отсто од двојките се обиделе да го решат проблемот пред да се одлучат за развод, а 24 отсто не се ни обиделе.

 

Од разведените двојки 53 отсто имале пријателски развод, 45 отсто и потоа останале во пријателски односи, а 31 отсто немаат никаков контакт.

 

Како најчести причини за разводот се наведуваат:

 

  1. Неверство;
  2. Биле несреќни;
  3. Имале премногу караници;
  4. Исчезнала љубовта;
  5. Повеќе не комуницирале;
  6. Сакале различни работи;
  7. Партнерот се променил;
  8. Повеќе не чувствувале дека се партнери;
  9. Партнерот бил насилен;
  10. Имале проблеми со парите.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag