ТИРАМИСУ СО ЈАГОДИ, кој би можел да одолее?

popara6 мај, 20231min00
691223_jagode5_f

Тирамису е еден од омилените кремасти десерти на многумина, а се надеваме дека особено ќе ви се допадне оваа лесна варијанта со јагоди… Уживајте!

Состојки:

400 гр пишкоти

4 јајца

200 гр шеќер

2 ванилин шеќер

500 гр маскарпоне

250 гр слатка павлака за шлаг

600 гр јагоди

100 мл рум или лимончело

сок од лимон

малку јагоди за декорација

Подготовка:

Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер додека не станат кремасти, па додадете го маскарпонето. Изматете ја слатката павлака во шлаг и додадете ја во филот. Изматете ги белките и 2-3 лажици шеќер додека да се стегнат, па додадете ги во филот. Ставете го во фрижидер.

Јагодите исечкајте ги и половина исблендирајте ги со рачен блендер, додадете го сокот од лимон и румот. Загрејте малку за бисквитот подобро да го впие сокот.

Долниот дел од калапот премачкајте го со малку фил, одозгора ставете пишкоти натопени во сок од јагоди, истурете половина од филот и исечканите јагоди, уште еден ред пишкоти и сè убаво покријте со остатокот од филот. Оставете да се стегне во фрижидер и пред послужување украсете со јагоди.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag