„Титаник“ се враќа на Нетфликс

popara28 јуни, 20231min00
Screenshot_1

Култниот филм „Титаник“ наскоро повторно ќе биде достапен на стриминг платформата Нетфликс.

 

 

 

 

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, филмот за најпознатиот брод на светот ќе се врати на Нетфликс на 1 јули, откако беше откажан на 18 јуни годинава. Веста доаѓа само неколку дена по неуспешната експедиција на подморницата Титан.

 

Не е јасно дали одлуката да се стави на располагање „Титаник“ е донесена пред или по трагедијата на Титан, но луѓето на социјалните мрежи истакнаа дека Нетфликс не можел да избере „подобро“ време и дека компанијата ја искористила трагедијата за да ја зголеми гледаноста.

 

Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека достапноста на филмот дошла по бројните барања на корисниците на оваа платформа.

 

Филмот „Титаник“ ја следи измислената романса помеѓу девојка од богато семејство и млад уметник на бродот Титаник, со Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо во главните улоги. Филмот моментално е достапен на Paramount+ и Amazon Prime.

 

За потсетување, „Титаник“ се врати во кината на почетокот на февруари, 25 години откако за првпат ги собори рекордите на гледаност во кината ширум светот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag