Тоа буквално трае минута! Оваа вежба ќе го подобри вашето држење за миг (ВИДЕО)

popara20 јули, 20231min00
733079_vezba_m

Се што ви треба за да ја извршите оваа вежба е ѕид.

Без разлика дали тоа е поради брзиот начин на живот или можеби поради работата што ја работат, многу луѓе имаат проблеми со држењето на телото, па често се наведнати и подгрбавени.

Сепак, дури и ако свесно се трудите да го исправите грбот, не можете секогаш да го држите како што треба, враќајќи се повторно во свиткана положба.

Сепак, постои една брза вежба која, доколку ја применувате секојдневно, ќе ви помогне да го одржите грбот прав.

Сè што треба е да најдете празен ѕид, да го прилепите до него задникот, долниот дел на грбот, а потоа остатокот од ‘рбетот, како и главата. Ставете ги рацете под агол од 90 степени, внимавајќи и тие да бидат притиснати на ѕидот.

Оваа вежба на своите следбеници на социјалната мрежа „TikTok“ им ја предложил д-р Мандел, кој посочува дека не треба да се грижите доколку рацете ви „бегаат“ од ѕидот, туку да ги држите што е можно поблиску до ѕидот.

Потоа полека движете ги рацете нагоре и надолу и треба да бидете во оваа положба една минута.

Како тоа го објасни може да видите на видеото ТУКА.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma