Тоа звучи како него: Пријател на славниот Џек Николсон откри зошто глумецот 13 години одбива улоги

popara8 ноември, 20231min00

Поминаа 13 години откако Џек Николсон се појави во „How Do You Know“, романтична комедија со Рис Витерспун, Пол Рад и Овен Вилсон во главните улоги. Иако оваа споредна улога дефинитивно не е врв во кариерата на Николсон, бидејќи холивудската легенда зад себе има 80 филмски улоги, овој ангажман ни најмалку не го намали наследството кое содржи фантастични, практично неповторливи филмски класици. Тука спаѓаат „The Wrap“, „The Departed“ (2006), „The Shining“ (1980), „One Flew Over the Cuckoo’s Nest“ (1975) и „Chinatown“ (1974).

Џек Николсон никогаш не објави дека се пензионира, но филмот веројатно ќе му биде последен. Една таква информација се појави на подкастот „WTF With Marc Maron“ оваа недела, за време на опширното интервју со познатиот продуцент и долгогодишен пријател на Џек, Лу Адлер. Марон веќе беше при крај на разговорот, кој траеше повеќе од еден час, кога му постави на Адлер важно прашање што доведе до темата за плановите на Николсон.

„Мојот пријател сакаше да го стави во филмот“, рече Марон откако го праша Адлер како е Џек.

“И тој разговараше со него. Но Џек одговори: “Не сакам да го правам тоа. Знаеш ли што направив денес? Седев под дрво и читав книга”, раскажува Марон.

„Тоа звучи како Џек“, одговори Адлер смеејќи се со Марон. Адлер истакна дека актерот секогаш го правел токму она што навистина го сака.

“Тој сака да биде тивок. Сака да јаде што сака. Сака да живее како што сака”, продолжи Адлер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag