Токму кога помисливме дека сме го виделе најдоброто од Пенелопе Круз,таа извади нов адут

popara28 септември, 20231min00
Пенелопе Круз

Ако некој е навистина  кралица на црвениот тепих, тоа несомнено е Пенелопе Круз. 49-годишната актерка ги воодушеви сите со новото појавување на настанот Lancome X Louvre организиран во рамките на Париската модна недела.

Малку е да се каже дека сè запре кога 49-годишната шпанка и муза на Педро Алмодовар,Пенелопе Круз, пристигна на настанот Lancome X Louvre,организиран во рамките на овогодинешната модна недела во Париз.

Иако избра црна боја,таа толку совршено одговараше на нејзината се уште исончана кожа од летото, а впечатокот целосно го постигна изборот на тантела,која се покажа како идеална за убавата Пенелопе.

Станува збор за чипкаст црн комбинезон од најновата колекција на Џамбатиста Вали за есен 2023 година,кој целосно ја следи линијата на телото и сензуално открива делови од кожата,како и голи рамена.За допир на гламур имаше блескави апликации,но и постава во боја на кожа,која е таму за да не се гледа се.

Но,можеби најдоброто нешто кај овој комбинезон е долгото здолниште или наметка,која е сошиена во струкот и на целокупниот стајлинг му дава доза на драма,што толку брилијантно го извлекува Пенелопе Круз.

Својот стајлинг го комплетираше со елегантна црна чанта,црни сандали на платформа и висечки блескави обетки,кои додадоа доза на гламур.Со крената коса,очите на Пенелопе беа нагласени со техниката “smokey eyes”,a и усните благодарение на светло-црвениот кармин.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag