Ова лето многу жени беа инспирирани од слики од Селена Гомез, која се повеќе прибегнува кон минималистички модни комбинации.
Се чини дека поранешната принцеза на Дизни се стреми кон едноставен, елегантен изглед, а нејзиниот маникир привлекува посебно внимание.
Омилен „артист за нокти“, како што сега сакаат да ги нарекуваат стручњаците за маникир и цртање на ноктите, на убавата пејачка е Том Бацик, чии услуги ги бараат сите познати жени.
View this post on Instagram
Наједноставното решение што го препорачува е средна должина, врвот обоен во природната боја на ноктот и целиот покриен со само дискретен сјај.
View this post on Instagram
„Наместо сјај, можете да нанесете и гел за зајакнување на ноктите“, вели маникирката Џули Канделец. „Ова ќе ги заштити вашите нокти од пукање, а ако тоа не помогне, одлучете се за барем привремено продолжување со гел или типсови.“