Наместо едноставен прелив кој се состои од масло, оцет и зачини, пробајте компир салата со цацики, односно традиционален грчки сос направен од јогурт, краставици и копар.
Состојки:
1 килограм компири
200 мл грчки јогурт
50 мл кисела павлака
1 свежа краставица
1 лажица свежо исцеден сок од лимон
1 лажичка оцет
1 лажица свеж копар
1/2 мал кромид
сол и бибер по желба
Подготовка:
1. Компирите сварете ги на вообичаен начин и оставете ги целосно да се изладат.
2. Свежата краставица изрендајте ја во поголем сад и исцедете ја вишокот вода.
3. Јогуртот и павлаката измешајте ги со лимонот, оцетот, ситно исечканиот кромид, ренданите краставици и сите зачини.
4. Изладените и исечени компири измешајте ги со сосот и ставете го во фрижидер неколку часа пред послужување. Добар апетит!