Актерка Линдзи Лохан неодамна на свет донесе здраво машко дете кое го крсти Луаи. Ова необично име на арапски јазик значи заштитник.
Само неколку недели по породувањето, 38-годишната актерка на Инстаграм ја објави првата фотографија по породувањето. Како што вели, горда е на своето тело.
ФОТОГРАФИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА!
-Толку сум горда на она што ова тело можеше да го постигне во текот на овие месеци од бременоста и сега, за време на закрепнувањето. Да се има бебе е најголемата радост на светот…, напиша актерката.
Таа своето прво дете го роди во Дубаи, каде што и живее. Лохан и нејзиниот сопруг се венчаа минатата година, а актерката изјави дека никогаш не била посреќна.
-Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да пронајдам среќа и милост, се во исто време. Пресреќна сум што токму ти си мојот сопруг, напишала по венчавката на Инстаграм.