Том Круз изгледа како восочна фигура: Толку многу си го оперирал лицето, што е чудо како воопшто ја отвора устата

popara5 јули, 20231min00
Screenshot_1

Том Круз во неделата пристигна во Сиднеј со своите колеги на промоција на својот нов филм „Mission Impossible – Dead Reckoning“, а славниот 60-годишник беше одлично расположен и цело време со задоволство позираше пред фотографите.

 

 

 

 

Како и обично, лицето на Том привлече најголемо внимание – јасно е дека посегнува по естетски корекции. На моменти лицето му изгледаше „замрзнато“ – се чинеше како да се напрега да се смее или да направи каков било израз на лицето, а притоа имаше малку лут поглед, пишува Блиц Жена.

 

Долго време се шпекулираше дека актерот потрошил преку 50.000 долари на разни козметички зафати на лицето, се со цел да му застане на патот на стареењето. Ако ги споредиме неговите сегашни фотографии со оние од 2017 година, промената во неговиот лик е очигледна.

 

„Можно е Том Круз да потрошил и до 50.000 долари на козметички третмани низ годините. Сè на сè, мислам дека Том само што започнува со зафатите. Пред Оскарите челото му беше мазно како тапан. Неговите веѓи се исто така поставени малку пониско од вообичаеното. Ако интензивно се нанесува ботокс, тогаш веѓите можат да паднат, а сето тоа ми изгледа како доста ботокс на неговото чело“, изјави пред неколку месеци д-р Ричард Вестрајх, пластичен хирург.

 

Експертите исто така веруваат дека Круз направил и функционална ринопластика, ласерски третмани и дека му била извршена липосукција на пазувите и вбризгување филери во пределот на образите. Конкретно, „боде“ во очи фактот што образите на Том се полни.

 

„Шокиран сум кога гледам колку Том Круз се промени. Тој успеа да изгледа толку добро толку долго. Или многу се здебелил или се работи за злоупотреба на филери. Ако е така, тоа е совршен пример за тоа како во неискусни раце филерите можат да направат да изгледате полошо“, изјави пред неколку месеци д-р Пем Агуло, друг пластичен хирург.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag