Том Круз моментално го снима филмот „Невозможна мисија 8“ на Јадранското Море

popara4 март, 20231min00
tan2020-10-121240402380-830x0

„Mission: Impossible – Dead Reckoning Part Two“ е осмиот дел од франшизата „Mission Impossible“.

Том Круз и режисерот Кристофер Меквери оваа недела снимаат воздушни сцени за филмот „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part Two“ на американски носач на авиони во Јадранското Море.

Минатиот викенд Круз беше префрлен со хеликоптер од италијанскиот град Бари на американскиот носач на авиони. Антонио Паренте, претседателот на филмскиот фонд на италијанскиот регион Апулија, ги потврди наводите на италијанските медиуми.

Паренте во четвртокот рече дека Круз долетал во Бари минатата сабота, ја поминал ноќта во хотелот со пет ѕвезди „Delle Nazioni“, а потоа со хеликоптер од аеродромот во Бари до американскиот носач на авиони, за кој рече дека најверојатно бил „U.S.S. George H.W. Bush“, но не е сигурен.

Тој додаде дека носачот на авиони бил во близина на италијанскиот брег во моментот на пристигнувањето на Круз, но сега е „некаде помеѓу Италија и Хрватска“.

Според него, се очекува холивудскиот актер да го заврши снимањето до крајот на неделата кога ќе ја напушти Италија.

– Горди сме што регионот Апулија беше избран за оперативна база за снимање на вакви сложени сцени – рече Паренте.

„Mission: Impossible – Dead Reckoning Part Two“ е осмиот дел од франшизата „Mission Impossible“ и неговото снимање е завршено на повеќето од планираните локации. Се очекува филмот да се појави во кината следната година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag