Том Круз е еден од најплатените актери во Холивуд, а неодамна беше откриено дека во неговите филмски договори, уште пред многу години, вовел необична клаузула која гласи: „Ликот на актерот не може да се користи за создавање каква било стока“.
Многумина беа изненадени од оваа вест, со оглед на тоа дека актерот можеше дополнително да профитира од производите со неговиот лик. Всушност, неодамнешниот филм на Том, „Топ ган: Маверик“, собори многу рекорди оваа година со проценети 1,4 милијарди долари.
По успехот на филмот се очекуваше да бидат достапни различни производи што ќе го носат неговиот лик, но поради неговата необична клаузула, тешко дека ќе се дојде до нешто што би го имало ликот на актерот.
Претходно Том негираше дека неговата слика била користена за игрите „Невозможна мисија III“ и „Војна на световите“ за „плејстејшн“.
Откако дознаа за оваа клаузула, обожавателите имаа различни реакции. Повеќето сметаа дека тој е всушност пред своето време, со оглед на можностите што ги носи вештачката интелигенција денес и дека познатите личности се користат за разни монтажи, лажни реклами итн.
Една од работите што ги натераа писателите и актерите да протестираат неодамна во Холивуд беше употребата на вештачката интелигенција.
– Морам да го пофалам Том Круз што одби да се откаже од својот лик. Очигледно тој беше понапред од работите со вештачка интелигенција – гласи еден коментар.
– Кажете што сакате за него, но тој се однесува како бренд, нема да дозволи неговото име да се купува, продава и реплицира – напиша друг твитер-корисник.
Том не е единствениот актер што има ваква клаузула во филмските договори. Други познати личности се Двејн Џонсон и Ума Турман.