Како што е познато, веќе интензивно се бара кој ќе го глуми новиот Џејмс Бонд откако Даниел Крег го заврши својот ангажман. Том Хенкс во интервју за Би-Би-Си изјави дека Идрис Елба е вистинскиот човек за таа задача.
„Сфатете го ова. Џејмс Бонд има дозвола за убивање. Би му ја дал таа дозвола на Идрис Елба само врз основа на тоа како работи“, рече Хенкс.
Долго време се шпекулира дека Идрис Елба ќе го игра Џејмс Бонд. Иако остана во добри односи со продуцентите на франшизата 007, актерот одби да ја игра познатата улога.
„Не можам да зборувам за нив, но од моја перспектива, никогаш немаше вистина во тоа. Тоа е комплимент и чест, но не е вистина“, изјави Елба во интервју за „The Guardian“, пренесува Deadline.