За време на премиерата на филмот „Asteroid City“ во Њујорк, Том Хенкс и Рита Вилсон се разнежнија зборувајќи за нивните внуци.
„Сè што треба да направите е да ги сакате тие мали детчиња и тие ќе бидат позабавни од ТВ“, изјави Том за Entertainment Tonight, додавајќи: „Тие не се мали дечиња. Тие се неверојатни млади жени“. Со таа изјава се согласила и неговата сопруга.
Том и Рита имаат две возрасни деца, 32-годишниот син Чет и 27-годишниот син Труман. Хенкс е исто така татко на Колин (45) и Елизабет (41) од неговиот претходен брак со актерката Саманта Луис, која почина во 2002 година. Благодарение на нивните деца, тие се баба и дедо на три деца – двете ќерки на Колин Хенкс, Оливија и Шарлот, и ќерката на Чет Хенкс, Михаја.
Рита изјавила дека се труди да посвети што повеќе време и внимание на децата. „Морате да одите на трамболина со нив, морате да одите на базен со нив, морате да одите на тениско игралиште, мора да ги играте сите спортови“, рече таа. „Треба само да се дружите.“
Том се пошегува кога откри зошто точно го сакаат неговите внуци – неговите макарони и сирење.
Меѓутоа, ако го прашаат неговиот син Колин, тој не би се согласил со таа пофалба. Имено, минатата година Колин во интервју за Today изјави дека неговите девојки не се обожаватели на кујната на нивните баба и дедо. „Добри баба и дедо се“, рече тој смеејќи се. „Би било одлично ако се држат до времето кога децата треба да одат во кревет или кога би ја зготвиле храната што ќе ја јадат децата. Се шегувам, тие се одлични“.
Во интервју за Us Weekly во 2019 година, Колин исто така рече дека неговите девојки воопшто не се импресионирани од славата на нивниот дедо. „Воопшто не се грижат за него“, изјави тој за магазинот, додавајќи дека посетите се чувствуваат како секој друг состанок со кои било баба и дедо.