Том Холанд призна: Се трудам да живеам што е можно понормален живот

popara13 јули, 20231min00
699179_10611479_m

Познатиот актер Том Холанд, ѕвездата на „Спајдермен“, призна дека ovaa индустрија не е за него и покрај неговата огромна љубов кон снимањето филмови.

– Навистина сум голем љубител на снимање филмови, но навистина не го сакам Холивуд, тоа не е за мене. Разбирам дека сум дел од тој бизнис и уживам во мојата интеракција со него. Но, во овој поглед, секогаш барам начини како некако да се повлечам од тоа, да живеам што е можно понормален живот – изјави британскиот актер во подкастот „On Purpose“ на Џеј Шети.

Холанд рече дека некои од неговите пријатели се „изгубиле“ во забавната индустрија и се плаши дека истото ќе му се случи и нему.

– Дефинитивно мислам дека тоа беше постојана мисла, да не се изгубам. Видов толку многу луѓе кои беа пред мене и се изгубија, а имав пријатели со кои пораснав и кои повеќе не ми се пријатели, бидејќи се изгубија поради оваа работа – додаде тој. Холанд додаде дека сака да се фокусира на она што го прави среќен, а тоа се неговото семејство и пријателите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag