Инспирирајте се од холивудските диви и постигнете нов изглед кој лесно се одржува и стилизира за кратко време.
Ако ви треба причина да ја скратите долгата коса или ви недостасува малку инспирација за стилизирање на кратката коса – не грижете се. Во продолжение погледнете како елегантните холивудски актерки ги следат трендовите и ги копираат нивните фризури.
- Асиметричен лоб
Асиметричниот лоб е одличен избор за постарите жени, објаснува Џина Ривера, фризерка на познатите личности, бидејќи тоа е совршена комбинација на класичен, но сепак модерен изглед.
Кога станува збор за стилизирањето, Ривера забележува дека оваа фризура создава можност да се отстранат некои од оштетените врвови за да се и се даде повеќе живот на косата, додека страничниот патец создава поголем волумен на врвот на главата.
- Степенест пикси
Бројни личности од поп културата, од принцезата Дијана до Винона Рајдер до Хали Бери, направија пикси фризурата да изгледа примамливо.
– Како што старееме, косата ни станува тенка и потемнува, па затоа редовното шишање, забавните фризури и можеби некои третмани за свежа боја и сјај се одличен рецепт за одржување на младешкиот изглед – вели Ганима Абдула, пренесува „Elle“.
Степенестиот пикси е еден од најдобрите начини за истакнување на лицето, посочува фризерката, а генерално кажано, фризурата која додава волумен е многу кратко потстрижена одзади, малку подолга околу ушите и најдолга на врвот.
- Разбушавен боб со странични шишки
Според Галвао, една од универзално ласкавите фризури за жените во нивните 40-ти е разбушавениот, брановиден боб со шишки.
– Обликот е обично поправоаголен или квадратен, што носи пософистициран изглед со минималистички стил – објаснува фризерката и додава дека оваа фризура им дава структура на пофините, потенки и природно поправи прамени.
Овие три фризури кои никогаш не излегуваат од мода често се избираат од познати личности и жени кои сакаат да ги истакнат очите, јаготките и целото лице.