Тортиљи, сол и масло: Најбрзиот начин да направите ториља чипс дома

popara21 август, 20231min00
62610881-tortilja-cips

Дали подготвувате мексиканска гозба и го заборавивте чипсот? Не очајувајте. Ако имате тортиљи дома, лесно можете да направите и чипс. Доволно е да ја исечете тортилјата на триаголници, да ја испржите на масло, а потоа добро да ја посолите.

Тортиља чипсовите се одличен избор за споделување и дружење со пријателите. Со чипсот можете да направите начос, да ги послужите со салса или гвакамола, па дури и ќе одат одлично со хумус.

Најдобро од се? За чипсот потребни ви се само три состојки и околу 15 минути време. Се подразбира дека вкусот на домашните чипсови е уште подобар од оние што се купуваат во продавница.

Состојки:

3-4 тортиљи од пченка
сол по желба
растително масло за пржење

Подготовка:

Исечете ја тортиљата од пченка на триаголници како пица.
Во тава загрејте многу масло.
Исечените тортиљи ставете ги во масло и пржете ги од секоја страна околу две до три минути додека не добијат златно-кафеава боја.
Префрлете ги чиповите на салфетка.
Посолете пред сервирање. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag