Тој има 57 години,а таа 49,бременоста долго ја криеле:6-тото дете пристигна во познатото семејство по речиси 3 децении брак

popara13 ноември, 20234min00
Гордон Ремзи

Познатиот готвач Гордон Ремзи има причина за славење – стана татко по шести пат!

Гордон и Тана Ремзи се во брак од 1996 година, а сега пристигна нивното шесто дете.Познатиот британски готвач Гордон Ремзи ја сподели најдобрата вест со светот! Имено,тој со сопругата Тана доби шесто дете,син на кој му го дадоа името Џеси Џејмс, а како и претходно долго време ја криеја бременоста од јавноста.

Гордон на 8 ноември го прослави својот 57 роденден,па раѓањето на својот син го нарече „неверојатен роденденски подарок“.

Славниот готвач сподели фотографија на која може да се види како нежно го бакнува новороденчето во главата,додека неговата мајка го држи во раце.

Тана и Гордон Ремзи го добија синот Џеси Џејмс,а парот веќе има пет деца – ќерката Меган (25),близнаците Џек и Холи (23), Матилда (22) и Оскар (4).

-Добредојде Џеси Џејмс Ремзи,тежок 3 килограми и 400 грама.Уште еден пакет љубов за бригадата Ремзи! 3 момчиња,3 девојки.Готово,напиша готвачот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gordon Ramsay (@gordongram)

Тана има 49 години, а сподели и колку се блажени со нивното новороденче.

Двојката, која е во брак од 1996 година, ја криеше бременоста на Тана од јавноста, исто како и претходната. Имено, тие во 2016 година го загубија своето бебе во 5-ти месец, па сакаа на јавноста да и ја откријат следната бременост.

Кога Тана беше во 6-тиот месец,Ремзи призна дека неговата сопруга сака уште едно дете,но тој не беше толку заинтересиран за идејата.

-Ќе бидам најстариот татко во училиште,ќе ме прашаат чиј сум дедо.А што е со спортскиот ден?Што ќе правам со тоа?Значи, би сакал уште едно бебе,но не,рече тој,иако во тој момент неговиот шести наследник веќе беше на пат да пристигне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma