Треба да си легнувате околу 2 часа пред полноќ! Експерт открива причини зошто е важно тоа

popara7 јули, 20231min00
Screenshot_1

Сите знаеме дека е важно да спиеме барем 7 часа секоја вечер, но знаевте ли дека е важно и во колку часот си легнувате?

 

 

 

 

Ако сметате дека секоја вечер спиете доволно, но будењето наутро сепак ви е тешко и цел ден се чувствувате уморно, можеби треба да размислите во колку часот си легнувате. Според експертите, идеално време за легнување е околу 10 часот навечер, а постојат неколку причини за тоа.

 

Ако треба да се разбудите во шест часот за на работа, не си правите никаква услуга ако си легнете после полноќ. Можеби ќе го издржите ова темпо неколку денови, па дури и недели, но набрзо ќе почнете да ги чувствувате и негативните ефекти.

 

Причини заради кои треба легнувањето во 22 часот да ви стане рутина:

Ќе се чувствувате одморено

Нашиот сон е поделен на неколку циклуси кои траат околу 90 минути. Секој од нив има неколку фази, како фазата РЕМ кога спиеме најдлабоко, и во текот на ноќта се повторуваат околу 4-5 вакви циклуси. Поради нашиот биоритам, циклусите во периодот од 10 часот навечер до 2 часот наутро се најдлабоки, што значи дека ако спиеме овој период, најмногу ќе се одмориме.

 

На оваа тема се направени и бројни истражувања, од кои многу покажале и дека легнувањето порано ќе ви помогне да се ослободите од негативните мисли навечер.

 

Ќе се намали нивото на стрес

Недостатокот од сон може да го зголеми нивото на кортизол во организмот, кој е познат и како стрес хормон. Но, штом ќе почнете да си легнувате порано, ќе спиете многу подобро и со тоа ќе можете да го регулирате стресот.

 

Намален ризик од одредени болести

Многу истражувања покажале дека луѓето кои си легнуваат порано се генерално поздрави од „ноќните птици“. Наводно, оние кои си легнуваат многу доцна и не спијат доволно, се изложени на поголем ризик од дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и други слични проблеми.

 

Подобро расположение

Сонот влијае и врз вашето расположение, но и врз способноста да ги контролирате емоциите. Бројни истражувања покажале дека луѓето кои си легнуваат доцна и не спијат доволно не само што имаат поизразени емоции, туку и потешко ги контролираат.

 

Истовремено, кога ќе си легнете во 22 часот, ќе се разбудите и порано, па подолго ќе бидете изложени на сончева светлина – нешто што има позитивно влијание врз расположението.

 

Полесно ќе ги разбирате туѓите емоции

Квалитетниот сон може да ви помогне и подобро да ги разбирате туѓите емоции. Според истражувањата, луѓето кои не спијат доволно потешко ги „читаат“ другите, особено кога станува збор за посуптилни реакции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma