Премногу шминка на лицето во никој случај не е пожелна,па што се однесува до пудрите и затемнетите креми,линиите се воздушни и лесни. Доволно за да се прикријат малите неправилности и да се направи кожата да изгледа природно.
За разлика од почетокот на минатата деценија, кога во центарот на вниманието беа строгите линии, мат кармините, изразената шминка на очите, строго исцртани веѓи и силните контури на лицето, времето по пандемијата донесе малку полежерни трендови.
Природниот изглед на веѓите и сјајот на лицето се враќа во минатото а следната година ќе продолжиме да бидеме природни и автентични.Фокусот е на природните нијанси кои го следат тонот на кожата и усните.Ќе продолжиме да гледаме линии нанесени со туш на очите,а на социјалните мрежи често може да „налетате“ на разни трикови со селотејп и други алатки кои ни помагаат да создадеме прецизни линии.
Како што пишува американскиот магазин Allure, целото внимание ќе биде насочено кон очите. Козметичките компании се натпреваруваат со сè поиновативни течни моливи за очи, кои ќе даваат смели бои со што помалку движења, кои секогаш се закануваат да ја уништат шминката.Од руменилото се враќаат прекрасни корални тонови кои даваат свеж изглед на лицето, а не е грешка дури и да нанесете премногу и да постигнете ефект на кукла.