Трендот за кој полуде целиот свет: Дали знаете што е ТИВОК ЛУКСУЗ и зошто е толку популарен?

popara30 август, 20234min00
370400_succession_ff

Тивкиот луксуз е нов моден тренд кој во последно време многу гласно го краде вниманието на јавноста. Пребарувањата на Google за овој поим се зголемени за вртоглави 337 проценти и тоа само во месец април годинава.

Што е тивок луксуз?

Тивкиот луксуз се опишува како придушен, но врвен и многу скап начин на облекување. Како што самиот поим имплицира, има повеќе отколку што изгледа.

„Њу ејџ минимализам“ и „кодиран луксуз“ се исто така имиња за овој тренд.

Во основа, тивкиот луксуз е новото модно движење кое го нагласува инвестирањето во висококвалитетни, минималистички парчиња кои имаат безвременска привлечност.

Caka kod tihog luksuza je da se na prvi pogled ne vidi brend, kao i da ne 'bode' oči

Клучот за тивкиот луксуз е да не го гледате брендот на прв поглед и да не „боде“ во очи.

Ова е тотална спротивност од популарните авангардни дизајнерски брендови кои експериментираат со смели и големи логоа и наметливи дезени кои на некој начин се гласни и забележливи.

Тивкиот луксуз е помалку за проектирање и истакнување на богатството на корисникот како некои популарни брендови, туку за создавање гардероба со многу пософистициран стил.

Junaci serije 'Succesion' su na neki način najabolji predstavnici ovog trenda

За необучено око, тивкиот луксуз веројатно ќе остане незабележан. Да ви дадеме неколку примери кои ќе ви помогнат полесно да разберете.

Размислете за бејзбол капите „Loro Piana“, кашмирските џемпери „Brunello Cucinelli“ и практично сè од брендот „The Row“, но без логото.

По својата природа, тивката луксузна естетика ги отфрла каприците на сезонската мода, верувајќи наместо тоа во внимателен и безвременски дизајн.

И зошто тивкиот луксуз е толку популарен сега?

Два клучни моменти помогнаа да се крене тивкиот луксуз во центарот на вниманието. Едното е објавувањето на четвртата и последна сезона на надалеку популарната серија – „Succession“. Податоците од Google покажуваат драматично зголемување на пребарувањата за „тивок луксуз“ и сродните термини по емитувањето на четвртата сезона на серијата.

Скапиот, но ненападен пристап на семејството Рој од оваа серија стана синоним за тивок луксуз. Разумните обожаватели забележаа дека носат брендови „Bottega Venetta“ и „Zegna“, но без да ги истакнат етикетите на овие брендови.

Дури е направен и профил на Инстаграм посветен на облеката од оваа серија, кој собра голем број следбеници од целиот свет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag