Ако редовно вежбате, сигурно сте размислувале дали е подобро да тренирате наутро или навечер? Или можеби сте тип на вежбач кој едноставно не може да вежба во еден дел од денот? И дали воопшто е важно? Веројатно сте слушале разни квази експерти кои ви кажуваат едно или друго на тренинзи или од ТВ екранот. Затоа е време да се вратиме на науката.
Како што знаат повеќето луѓе, во секој од нас постои таканаречен 24-часовен деноноќен ритам. Секоја клетка во нашето тело има свој молекуларен часовник кој е усогласен со поголемиот биолошки часовник кој ги координира сите процеси во нашето тело. Овој внатрешен ритам е предвидлив, но на него може да влијаат дневните и ноќните циклуси, како и други фактори како кога одиме да спиеме и во кое време јадеме.
Една нова студија покажа дека истиот тренинг што го правиме наутро и навечер може да има многу различен ефект врз нашето тело. Оваа студија е направена на животински модел. Биле користени здрави лабораториски глувци и биле следени промените во клетките и генската експресија во зависност од тоа дали трчале наутро или навечер, на мали ленти за трчање кои биле направени за таа прилика.
Врз основа на оваа студија, има смисла да се верува дека трчањето наутро ќе вклучи повеќе согорување маснотии, додека трчањето навечер придонесува за подобра контрола на шеќерот во крвта.