Нема да изгледате уморно
Постојат неколку мали трикови кои можат да ви помогнат да изгледате поодморено, барем „на око“.
Првиот чекор е да се измиете, по можност со ладна вода, за да го освежите лицето и малку да се разбудите, да го намалите отокот од сонот. Еден од советите е малку да држите ладна лажица на подочниците и очите, за да го намалите отокот.
После тоа, крема за очи, бидејќи областа околу очите треба да биде дел од вашата дневна рутина за да го одржите вашето лице свежо и затегнато.
За поубаво лице и отстранување на дамките кои можеби сте ги добиле додека сте се сончале, а за да изгледате помладо и поодморено, се препорачува да користите витамин Ц кој поради својот состав стана омилен производ за лице.
Тогаш доаѓа до израз моќта на шминката.
Незаменлив дел е руменилото кое со сигурност ќе направи вашето лице да изгледа посвежо и поздраво, а за дополнителен сјај користете хајлајтер. Еден совет е дека ако мислите дека е премногу рано да светкате бидејќи се шминкате рано наутро, можете да го прескокнете овој чекор, но секогаш земете во предвид колку сте спиеле и дали на вашето лице му треба повеќе сјај. Ако вашата кожа е мрсна, не ви треба хајлајтер и вашето лице би изгледало неуредно, но ако вашата кожа е сува, малку хајлајтер на образите и аголот на челото нема да биде на одмет.
Доколку сакате да ги истакнете очите и да ги направите малку поодморени, без премногу шминка, маскарата е задолжителна. Не заборавајте на сјајот или лабелото!
Она што исто така треба да го избегнувате е да користите мат производи, бидејќи тие целосно го затвараат вашето лице, правејќи да изгледате уште поуморно. Ако нанесете потешки, мат структури на уморна кожа, само ќе ги нагласите недостатоците. Еднаш неделно почестете се со повеќечасовно задоволство како спа вечер. Ставете маска на косата и лицето, направете пилинг и ќе видите дека телото ќе ви се заблагодари и ќе забележите промена.
Покрај сите овие совети, сепак најдобро е добро да се наспиете и да се одморите бидејќи тоа е важно за вашето здравје, но овие мали трикови за подобар изглед секако не се на одмет.