Трикови кои треба да ги користите кога патувате или ако немате пегла: Еве неколку едноставни методи како да ги отстраните наборите од облеката

popara8 февруари, 20231min00
652158_shutterstock-392479687_f

Вреди да се проба

Еве 5 начини на кои можете да ја „испеглате“ облеката без пегла.

Користете фен за коса

Стутканата облека ставете ја на рамна површина и поминувајте ја со фенот за коса со топол воздух. Држете го фенот неколку сантиметри над ткаенината и покријте го предниот и задниот дел од облеката. Верувале или не, збрчканите делови брзо ќе исчезнат. Можете да ја испрскате облеката или да капнете неколку капки вода пред да ја исушите со фен за да ја омекнете.

Тушот може да ви послужи

Ова е одличен начин да научите како да пеглате кошули кога патувате. Едноставно закачете ја изгужваната облека што сакате да ја исправите во бањата, вклучете го тушот и пуштете ја најжешката вода. Затворете ја вратата за да создадете ефект на сауна. Проверете повторно за околу 10-тина минути, но имајте на ум дека може да бидат потребни и до 20 минути за целосно да се измазни облеката. Ако ја закачите облеката на шипката за туширање, проверете дали главата од тушот е свртена настрана од неа за да не ви се намокри облеката.

Користете пегла за коса

Ова е одличен трик кога ја пакувате облеката во куфер и таа премногу се гужва. Пеглата за коса е одличен трик особено на тешко испегланите области како што се јаките, манжетните и ракавите. Само погрижете се вашата пегла да не е зарѓана или извалкана со производи за коса и да нема влакна на неа. И внимавајте на термостатот и притисокот што го користите. Не сакате да ја оштетите облеката или да се изгорите.

Може да ви помогне и мокар пешкир

Ова е толку едноставен метод, но одлично функционира. На рамна површина, ставете влажен пешкир над стутканата облека. Користете ги рацете за да ги притиснете и израмните длабоките набори. Закачете ја облеката да се исуши на воздух. Задолжително проверете дали има заскитани влакна пред да излезете од дома.

Користете електрично ѓезве

Немате пегла при рака? Научете како да ја исправите облеката со електрично ѓезве. Сварете вода во електрично ѓезве, а потоа држете ја облеката на околу еден метар подалеку од пареата. Верувале или не, вашата облека многу брзо ќе се израмни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma