Сара Мишел Гелар се врати во стил како актерка и копродуцент во новата тинејџерска натприродна серија „Wolf Pack“. Најпозната како Buffy the Vampire Slayer, во интервју за радио станицата SiriusXM, Сара зборуваше не само за нејзината кариера, туку и за анегдоти со своите колеги, а сподели приказна и за Памела Андерсон, која деновиве е исто така зафатена со промовирање на Netflix документарецот „Pamela, a love story“ и автобиографијата „Love, Pamela“, која, како што изјави, ја напишала без помош од писател во сенка.
Четири часа шминка
Сара сега им открила на слушателите како Памела одржувала гламурозен изглед и секогаш била подготвена за филмските камери во цутот на нејзиниот живот. Кога пред 21 година ја снимаа авантуристичката комедија „Scooby-Doo“ во Австралија, во која Сара ја имаше главната улога, Памела Андерсон и се придружила на екипата на сетот.
„Изгледаше прекрасно, како во тој момент да излезе од филмот „Barb Wire“. Но ѝ требаше многу време за да го добие тој изглед, шминката траеше дури четири часа и сите беа под многу на стрес поради тоа, затоа што нешто мораше да се снима, се присети Сара Мишел.
Тогаш Памела и открила како избегнува долго да седи на столчето за шминкање и ја скратува целата процедура, а притоа си обезбедува уште неколку часа сон.
Спиење седејќи
„Таа ми рече: „Ако сакам да спијам за време на снимањето, се шминкам првиот ден. Потоа спијам речиси во седечка положба неколку ноќи, а наутро шминкерите само малку поправаат и спремна сум за снимањето. Ова го правам два-три дена, потоа ја вадам шминката, па одново. Бев зачудена, но јас никогаш не би го правела тоа, не знам колку долго би можела да издржам со сета таа филмска шминка и лак за коса“, рече Сара.
Посветеноста на Памела на нејзината работа е секако фасцинантна, но можеме само да замислиме како би била искарана од дерматолозите. Во секој случај, не го пробувајте ова дома.