Чистењето никогаш не било полесно!
Сигурни сме дека микробрановата печка е уред кој го користите секојдневно, особено ако немате многу време да подготвите свежа храна, па најлесно ви е само да загреете нешто. Микробрановата печка не е башлесно да се исчисти, може да се извалка дури и повеќе од рерната или шпоретот, особено ако не се грижите за работите и садовите што ги ставате внатре.
Сепак, овој трик ќе ве воодушеви, бидејќи се состои од само три состојки и едно поминување со крпа преку внатрешноста на микробрановата печка.
Во огноотпорен сад треба да исцедите еден лимон или една лимета. Потоа додадете две лажици алкохолен оцет и чаша вода во истиот сад.
Ставете го садот во микробранова печка и вклучете ја на две минути.
После тоа, почекајте уште пет минути и дури потоа отворете ја вратата.
Лимонот или лиметата ќе го отстранат непријатниот мирис на храната, а за тоа време испарувањето целосно направило тврдоглавите наслаги да се „растопат“ и сè може да се избрише со еден потег на крпа или салфетка.