Трик за мелено месо кој жените го кријат: Побрзо се пржи, а останува меко!

popara28 јануари, 20231min00
676

Пржењето мелено месо за мусака или сарма може да потрае доста долго, бидејќи обично се ослободува многу вода, а говедското или свинското месо стануваат гумени со долго динстање.

За да го избегнат ова, искусните домаќинки прибегнуваат кон еден малку познат трик, а тоа е употребата на сода бикарбона.

Околу половина килограм месо треба да посипете со третина лажичка сода бикарбона и нежно да ја измешате смесата и да оставите да отстои петнаесетина минути. Потоа месото се пржи во тава на средна температура.

Мешајте повремено и за кратко време ќе видите дека месото се пржи без вишок течност. Трикот е во едноставна хемиска реакција – сода бикарбоната ја зголемува pH вредноста на месото и на тој начин го спречува пресилното врзување на протеините во месото. Благодарение на ова, вишокот вода не се истиснува. Затоа месото останува меко и добива убава кафена боја.

Истото можете да го примените и на месо исечкано на парчиња, како за гулаш, на пример. Сметајте дека на сечканото месо му треба уште малку сода бикарбона – околу 1 лажичка на половина килограм. Исто така, не е лошо прво да се измеша содата со неколку лажички вода, бидејќи полесно ќе се распореди по месото.

Почекајте петнаесет минути и потоа подгответе го месото според рецептот. Не го продолжувајте ова време, бидејќи подолгото дејство на сода бикарбоната нема да го зголеми нејзиниот ефект.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag