Пробајте го трикот за отстранување боја од рацете
Доаѓаат велигденски празници, а посебна радост за целото семејство е вапсувањето јајца. Без разлика дали се истакнувате во традиционалната техника на боење со лушпи од кромид или помодерна, како сода бикарбона или сок од лимон, препорачливо е да носите заштитни ракавици.
Меѓутоа, ако не сте го направиле тоа и сте ја обоиле и кожата, не грижете се бидејќи постои начин да ја отстраните бојата.
Еден начин да ги исчистите рацете од бојата за јајца е да ги измиете со оцет.
Затоа, истурете малку оцет на кожата и нежно истријте со четка. Можете исто така да истурите оцет на крпа или сунѓер и да триете, бидејќи на тој начин ќе ги третирате само извалканите делови на кожата, а не цели раце.
Друга опција е лимонот – пресечете го на половина, исцедете го и истурете малку сол врз кората одвнатре и истријте ја кожата на местата каде што е обоена.
Можете исто така да ги исчистите рацете извалкани со боја за јајца користејќи сода бикарбона. Намокрете ги рацете со топла вода, истурете сода бикарбона на извалканите места и нежно тријте со четка додека бојата не се отстрани.