Трик за подолг живот на јагодите: Еве како да спречите вашето омилено овошје да скапе веднаш откако ќе го ставите во фрижидер

popara25 април, 20231min00
0f0dfb4626af3dab29141f871c3ee618480dbe20

Вкусни и освежителни, јагодите сепак имаат еден недостаток, а тоа е – лесно се расипуваат

Сега е совршено време за свежи јагоди од локалниот пазар или директно од градината. Вкусни и освежителни, јагодите сепак имаат еден недостаток, а тоа е – лесно се расипуваат.

За среќа, постои трик дури и за тоа!

Во поголем сад измешајте половина литар обична вода со 100 милилитри оцет. Полека ставете ги купените јагоди во купката со оцет и оставете ги така неколку минути. Оцетот ќе ги отстрани спорите на мувлата и бактериите од површината на јагодите кои, како што пишува „punkufer.dnevnik.hr“, предизвикуваат брзо гниење на плодот. Не грижете се, подоцна нема да го вкусите оцетот на јагодите.

Потоа префрлете ги јагодите на крпа и добро исушете ги. Колку потемелно го правите тоа, толку подолго ќе траат во вашиот фрижидер.

Јагодите можете да ги чувате во која било кутија, во која претходно сте ставиле хартиена салфетка која ќе ја впие преостанатата влага. На овој начин, јагодите ќе останат свежи во вашиот фрижидер со денови.

Експертите советуваат дека оставањето на стеблото на јагодата го спречува и гниењето на плодот.

Ако забележите дека јагодата почнува да скапува, фрлете ја во ѓубре и спречите контаминација на целото пакување. Исто така, доколку не можете да ги потрошите сите јагоди што сте ги купиле во посакуваната временска рамка, замрзнете ги и употребете ги при подготовка на разни смутија и други задоволства.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag