Трик за ПОДОЧНИЦИ: Сè што треба да направите е да вклучите еден витамин во вашата исхрана

popara18 август, 20231min00
2c3771861d5f5bb2795c81392ad08a7f19149209

Испробајте го овој трик кој им помогна на многумина

Различни фактори во секојдневниот живот предизвикуваат стрес, било да е тоа работа, семејство, обврски или слично. Но, стресот е причина и за разни други проблеми како несоница и намален имунитет, а кога страдате од несоница и стрес, под очите се појавуваат темни кругови. Ако секој ден се будите со темни кругови под очите, додавањето на оваа состојка во вашата ноќна и утринска рутина ќе го реши тој проблем, а тоа е витаминот Ц, пренесува „msn.com“.

Што е витамин Ц и како делува?

Витаминот Ц е антиоксиданс кој го подобрува имунитетот и третира различни здравствени проблеми. Нашето тело не произведува витамин Ц, но го има во различни намирници како што се компирите, доматите, брокулата и секако, портокалот и лимонот.

За да се ослободите од темните кругови, сè што треба да направите е да исцедите малку сок од лимон или портокал на памук. Потоа наутро и навечер со памук втријте го сокот на темните кругови и кожата ќе ви се освежи, а темните кругови ќе исчезнат. Не само што ќе се ослободите од подочниците, туку и вашата кожа ќе биде мека и ќе го успорите стареењето и брчките.

Многу е важно да се држите подалеку од сонце откако ќе го нанесете сокот како цитрусно овошје, а и некои зеленчуци како целерот може да предизвикаат состојба на чувствителност на кожата предизвикана од сонцето, позната како фитофотодерматитис. Состојбата се јавува кога сокот од овошје како лимета, лимон, портокал, грејпфрут, целер, морков, смоква, магдонос, пашканат ќе дојде во контакт со кожата и ќе предизвика појава на дамки или, во потешки случаи, изгореници со пликови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag