Трик за чистење на ПАРКЕТОТ: Вратете му го стариот сјај со помош на една состојка

popara9 декември, 20231min00
Screenshot_10

Дрвените подови, односно паркетот, колку и да изгледаат естетски, не се секогаш лесни за одржување. Посебен проблем е како да се постигне висок сјај на овие површини.

 

 

 

Ако досега не сте знаеле, постои еден многу едноставен трик за чистење со кој вашиот паркет секогаш ќе изгледа како да е штотуку поставен и да можете да се „огледате“ во него.

 

Веројатно во вашиот дом веќе имате сѐ што ви треба од состојките, а доколку ги немате, лесно е да ги набавите, бидејќи се многу достапни.

Потребни состојки:

  • 5 чаши топла вода
  • 20 мл маслиново масло
  • 30 мл алкохолен оцет
  • 12 капки есенцијално масло од лимон

Измешајте ги сите состојки во кофа за чистење подови. Потопете крпа од микрофибер во растворот, исцедете ја добро и со неа поминете го паркетот.

 

Повторете ја постапката додека не се исчисти целата површина. На самиот крај, дрвената површина пребришете ја со сува крпа, за да не биде лизгава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma