Трикот што се користи во музеите за отстранување прашина може да го искористите и вие, се што треба да направите е да ставите глицерин во кофа со вода и да ја избришете куќата
Ако ви здодеа да чистите со правосмукалка секој втор ден или сте од оние луѓе кои само за време на викендите успеваат да ја исчистат куќата, тогаш испробајте го стариот музејски трик. Еве пет начини на кои можете да го исчистите домот со глицерин:
- Блескаво чисти подови
За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, само додадете неколку капки глицерин во кофа со вода.
- Ослободете се од прашината на долг рок
За да го направите ова, додадете малку глицерин во сад со вода. Намокрете ја крпата со таа вода и избришете ги површините. Нема да видите прашина најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.
- Ги отстранува дамките од облеката
Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете сè со вода во која сте додале малку сол. За да отстраните дамка од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и измијте ја дамката по половина час.
- Правилно одржување на кожниот мебел
Ако сте го изгребале кожниот мебел, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.
- Прозорци
Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и со оваа смеса избришете ги прозорците. Ниту прашината ниту нечистотијата нема да ја оштетат чистотата на вашите прозорци долго време.