Ја знаете ли ситуацијата кога ќе се изнамачите чистејќи ја бањата цел ден, а потоа доаѓа вашиот сопруг, деца или гости и, да речеме, ќе ги испрскаат свежо исчистените славини со вода? Знаеме и ние. И тоа одлично!
Сигурни сме дека не постои жена која не доживеала нејзиниот целодневен труд и работа да падне во вода за само неколку секунди, а апсолутно сме сигурни дека не постои жена која не паѓа во очај поради ваквите работи и ситуации.
Имено, една страница на Инстаграм која редовно објавува трикови за домаќинството објави видео на кое се гледа како да спречите водата да ги уништи свежо исчистените славини.
Во што е работата?
Верувале или не, се што ви треба за овој трик е свеќа. Одиме по ред… откако ќе завршите со чистењето на славините, земете голема свеќа и со неа истријте ја славината. И сега веројатно мислите дека всушност ќе уништите се бидејќи восокот ќе остане на површината на санитаријата. Токму во тоа е поентата.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Восокот ќе остане на површината и се што е потребно е да се избрише со крпа, односно со крпата да се втрие восокот во славината. Погодувате – ќе ја заштити нејзината површина, а следниот пат кога ќе падне вода врз неа, нема да остане ни трага.