Ви го откриваме трикот на искусните домаќинки, со кој тестото ќе ви биде меко и по 3-от ден.
Нема ништо подобро од домашна пита, пециво или леб. Многу луѓе сакаат свежо, топло тесто, кое кога се пече мириса целата куќа.
Но, се случува по извесно време тоа пециво да не е веќе меко и вкусно, туку бајато. Сепак, не треба повеќе да се грижите, бидејќи има една трик состојка која искусните домаќинки ја додаваат во тестото за да може да се јаде и по 2-3 дена.
Оваа состојка можете да ја додадете и во тестото за пити, леб, лепчиња… Не е важно дали пржите, печете или готвите, добро делува за сите методи на обработка на тестото.
Таа феноменална трик состојка не чини многу, а речиси сите веќе ја имаат дома. Во прашање е скробот.
Тестото ќе биде повкусно и помеко, а се што треба да направите е да го додадете во брашното. Една лажица скроб е доволна за четири чаши брашно.