Греам Елиот вели дека на овој начин месото нема да се исуши, а коцките ќе им помогнат на плескавиците да ја задржат правилната форма…
Според судијата на мастер шефот Греам Елиот, не треба да сте мајстор за скара за да направите одлични плескавици. Потребни ви се само коцки мраз кои се ставаат во средината на месото при печењето и се втиснуваат со прстите.
Поради пониската температура месото ќе остане посочно бидејќи нема да се исуши, но сепак убаво ќе зарумени. Освен тоа, коцките мраз ќе му помогнат на месото да ја задржи правилната форма. Греам советува да не се додаваат премногу додатоци како кромид или пиперки во смесата со месо бидејќи според него месото треба да биде месо, а додатоците се додаваат потоа.