Се прашувате како побрзо да ги исушите алиштата? Одговорот е едноставен!
Сушењето на алиштата по природен пат, на тераса или на сушара за алишта, е секогаш подобар избор од машина која има програма за сушење. Заштедува енергија, бидејќи само ги оставате алиштата да се исушат, го спречува полнењето со статички електрицитет, а исто така го продолжува и животниот век на алиштата.
Можеби не знаевте но, постои трик за побрзо сушење на алиштата! А, истиот започнува кога ќе се приближите до машината, пред да ги ставите работите во барабанот.
Шенон Лаш е експерт за перење од Австралија, таа вели дека трикот е: да се стави помалку детергент и да нема омекнувач!
Само една осмина од препорачаната количина на детергент е доволна за машината за перење со предно полнење, нека не ве залажува она што е напишано на пакувањето. Машините што се полнат одозгора ќе ги измијат алиштата доста добро со една четвртина од детергентот.
Прескокнете го омекнувачот бидејќи е на база на масло, што ќе го отежне сушењето на алиштата. Парчиња ткаенина ќе апсорбираат течност за време на перењето, а поради омекнувачот, таа течност ќе стои подолго. Таа наведува дека е можно трипати побрзо да се исуши облеката без омекнувач.
Сушарата за алишта чувајте ја близу до прозорците или вентилација во просторијата за да може да циркулира воздухот и не преоптоварувајте ја сушарата, треба да има слободен простор околу секое парче облека за побрзо да се исуши. Друга голема предност на сушењето алишта надвор од машината е тоа што никогаш не треба да се грижите за тоа дали некое деликатно парче облека се намалило или деформирало.