Ако сакате секогаш при рака да имате сок од лимон или рендана кора од лимон – искористете го овој трик. Станува збор за ставање на сокот од лимон во сад за коцки мраз и замрзнување.
Моќниот лимон го чисти црниот дроб, помага во учењето и штити од грип и настинка. Освен тоа, лимонот го забрзува разградувањето на мастите и ги намалува мастите во крвта.
Значи, кога ќе ви треба за, да речеме, јадење или да го ставите во пијалок – ќе ви биде на дофат на раката. Нема да морате секој пат да го цедите лимонот и потоа да чистите. Едноставно земате коцка или две.
Кората од лимон може да се замрзне и да се користи за подготовка на колачи. Единствено е што во тој случај треба да се погрижите да имате домашен, непрскан лимон во рацете.