Ќе блеснат како нови
Се наближува убавото време, што значи дека излетничките места ќе бидат полни со луѓе кои сакаат да го поминат денот во природа со семејството или пријателите со добра храна.
На нашите простори често се подготвува месо на скара, па затоа е идеално време да се исчисти и да се подготви за сезоната.
Потребни ви се само три работи за чистење на решетките за скара:
– весник
– оцет
– сода бикарбона
На оладена, но сепак топла скара посипете сода бикарбона, ставете листови весници и прелијте со оцет.
Потоа покријте го со капак и оставете да отстои. Пареата ќе го заврши најголемиот дел од работата, а сè што треба да направите е да го тргнете весникот и со сунѓер да се ослободите од маснотијата.