Шминката може да биде ваш голем сојузник, но и „непријател“, доколку не ја користите на вистински начин.
За да изгледате убаво и да ја истакнете вашата убавина, не треба да бидете експерт за шминка. Со овие три начини секогаш ќе изгледате убаво и заводливо. Исто така, ќе направи да изгледате младешки и авангардно.
Ова се класици кои секоја жена треба да ги знае, бидејќи им стојат на сите, без разлика на возраста.
- Нагласени трепки и веѓи
Овој изглед се карактеризира со долги трепки и нагласени веѓи. На горните очни капаци можете да нацртате малку подебел и подолг ајлајнер и на овој начин да добиете изглед на мачкини очи.
Оваа шминка можете да ја комплетирате со кармин во боја на вишна, исто како што тоа го прави Меган Фокс. Ќе изгледате многу сензуално.
- Посилна сенка, за мачкаст изглед
Уште една класика која секогаш се враќа во мода доаѓа од 60-тите години на минатиот век. Долги трепки и изразена сенка.
За да постигнете мачкин изглед, особено наострете ја сенката и нагласете ги аглите на очите. Со оваа шминка, карминот во посветли тонови, во боја на кожата, ќе биде одличен избор.
- Маскара во боја
Нанесувањето маскара е суштински дел од секоја шминка. Пробајте ја маскарата во боја.
Пробајте сина или можеби зелена маскара. Ќе добиете поинаков изглед кој е забавен и интересен. Исто така, вашите очи ќе бидат во преден план.