Истражувањата покажаа дека во моментите на стрес копнееме за чоколадо кога во телото се активира примарниот одговор „бори се или бегај“.
Клучниот виновник е, всушност, кортизолот. Овој хормон на стрес „краде“ енергија од нашиот имунолошки систем и затоа добиваме силна желба за слатки и, особено, за чоколадо.
„Оваа желба е одговор на стресна ситуација во која се зголемува потребата за енергија“, објаснува д-р Ники Кеј, ендокринолог од Лондон. Парадоксално, ако јадеме чоколадо, ќе има брзо зголемување на шеќерот во крвта, но исто толку брзо и ќе падне. Така се создава вистински „тобоган“ на стрес и желба за слатки.
Нутриционистите не потсетуваат дека токму падот на шеќерот во крвта може да го активира одговорот на стресот. „Тогаш е неопходно да се подигнат масните киселини во крвотокот, за да се обезбеди гориво за главните мускули и мозокот“, вели д-р Сара Бруер. Таа наведува дека кортизолот е висок и наутро, кога телото излегува од периодот на „ноќно гладување“.
Зошто токму чоколадото е на врвот на листата на сите слатки?
Благодарение на триптофанот, хемикалија која се претвора во серотонин во мозокот, го подигнува расположението. Содржи и теобромин, стимуланс кој не „подигнува“, но и не опушта благодарение на фенилетиламинот.
Чоколадо најмногу јадеме дури и кога сме лути. Гладот и гневот често се мешаат, што е природно – кога сме гладни се јавува и агресија, како трага од механизмот за преживување кој ги терал нашите предци во борбата за храна.
За да ги избегнете искушенијата од потребата од слатки, најдобро е да воведете медитеранска исхрана.
Тоа е диета со многу овошје и зеленчук, многу риба и вклучува јаткасти плодови и маслиново масло. Ова е диета со низок гликемиски индекс и ќе ви помогне да ги избегнете скоковите на шеќерот во крвта и желбата за слатки. Јадете свежо овошје, јагоди, малини, цреши или нектарини. Ако почувствувате ненаситна желба за шеќер, земете банани или некое суво овошје.
Потребата за слатки може да се победи и со брзо одење на прошетка во моментот на најголема желба. Тогаш мозокот ги ослободува хемикалиите ендорфини и енкефалини, кои делуваат како природен „опиум“. Водете евиденција кога доаѓа желбата за слатки, доколку е потребно, почнете да водите и мини-дневник. Во тие моменти, обидете се да се забавувате со нешто друго: повикајте ги пријателите, играјтеси со вашите миленици.
Од суплементите го препорачуваме хромот кој позитивно влијае на метаболизмот на гликозата. Овој додаток во исхраната го зголемува бројот на активни инсулински рецептори, па полесно делува на гликозата. Се смета дека хромот помага и при намалена чувствителност на инсулин.