Кога станува збор за сексот, секогаш можете да пробате нешто ново и секогаш имате што да пробате. Марла Рене Стјуарт, сексолог и предавач, вели дека секогаш е забавно да се прават работите поинаку и да се создаде ново сексуално искуство.
Еднo од нив би можелo да биде секс на каучот.
– Мислам дека сексот на кауч има многу предности. Можете да пробате некои забавни пози, а лесно е да се префрлите на нови бидејќи можете да легнете и да ги користите потпирачите за грб поинаку отколку во кревет. Покрај тоа, на тој начин го имате креветот за одмор и спиење – додава таа.
За сè да биде поедноставно, експертите за секс издвоија неколку пози како почетни пози за вежбање, после што, се разбира, можете сами да истражувате.
- Преку работ
Стабилно, поддржувачки и удобно, а каучот има и големи предности, бидејќи ви овозможува да бидете креативни, вели експертот за секс и врски Мелиса Стоун, која препорачува да го свртите грбот кон партнерот и едноставно да се потпрете на перничињата на каучот.
– Оваа сексуална поза многу наликува на кучешкиот стил, со тоа што жената е благо наведната над перниците, а партнерот продира одзади. Предноста е што има мека потпора, па на партнерката која е долу ќе и биде удобно. Во оваа поза можете да играте со брзината на пенетрација и стимулација, па дури и да се чувствувате непослушно – објаснува Стоун.
- Стил на каубојка
Иако тоа е малку традиционален пристап, и Марла Стјуарт и Мелиса Стоун веруваат дека овој пристап прави чуда додека сте на каучот и уживате да бидете над вашиот партнер.
– Ова е одличен начин за стимулирање на клиторисот, бидејќи вклучува триење на едната генитална област со другата, објаснува Стоун. Во исто време, нема премногу движења и нема да биде многу работа да се сменат позите за да се постигне посакуваната кулминација.
- Лотус поза
Со ова „сценарио“ загарантирано ви е забавно и сензуално искуство, вели Марла Стјуарт. Нека вашиот партнер се чувствува удобно во седечка положба со скрстени нозе додека вие му седите во скут, со свиткани колена.
– Во оваа поза сте блиски, можете да се бакнувате, телата ви се едно до друго, така што позата е многу интимна, а релативно лесно се постигнува добар ритам. Освен тоа, и двајцата партнери можат да се потпрат на каучот, а во оваа поза е овозможена полесна пенетрација.