Три природни маски за пролетно чистење на кожата

popara12 март, 20231min00
Screenshot_10

Со доаѓањето на пролетта започнуваат и сезонските чистења на плакарите, домот и што уште не, а за да бидете вистински подготвени за доаѓањето на топлата сончева сезона, тогаш морате малку време да и посветите и на вашата кожа.

 

 

 

Во текот на зимата, студеното време ја суши нашата кожа, па повеќе од задолжителна е пролетната хидратација со која ќе ја освежите и разубавите кожата на лицето.

 

Во продолжение ви предлагаме три супер пилинзи од природни состојки кои на вашата кожа ќе и овозможат хидратација како никогаш досега.

 

-Пилинг за лице од краставици

 

Потребно:

 

  • Две лажици јогурт
  • Две лажици пире од краставици
  • Две лажици овесни снегулки
  • Малку ситно сечкана жалфија

 

Подготовка:

 

Измешајте ги сите состојки и нежно масирајте ги на кожата на лицето со кружни потези неколку минути. По некое време, пилингот внимателно и полека отстранете го со влажно пешкирче.

 

-Пилинг од жалфија

 

Во вода што врие додајте неколку листови свежа жалфија и неколку капки етерично масло од темјан. Истурете ја течноста во длабок сад и покријте се со пешкир додека таа испарува како за инхалација. Внимавајте да не се изгорите, а во убавините на жалфијата уживајте околу десетина минути.

 

-Маска од краставици

 

Потребно:

 

  • Една краставица
  • Две лажици кокосово масло
  • ½ лажица масло од семе од морков

 

Измешајте ги сите состојки во длабок сад додека не се соединат. Нанесете ја маската со прстите на лицето, вратот и во пределот околу очите. Оставете ја маската да делува од 10 до 15 минути и потоа измијте се со млака вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma